Top Sport

За Тони Крос трансферот на Веига во Саудиска Арабија е „засрамувачки“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос секогаш јавно ги кажувал своите понекогаш контроверзни мислења за фудбалот и тоа што е најважно, а сега необично реагираше на вестите дека младиот фудбалер на Селта Виго, Габри Веига ќе ги одбие Наполи и ќе се пресели во саудискиот Ал-Ахли.

21-годишниот шпански младински репрезентативец се смета за еден од најталентираните фудбалери од Европа, со потенцијал да игра во големите европски клубови, но се реши да се пресели во Саудиска Арабија за повеќе пари.

Крос очигледно смета дека се работи за трансфер мотивиран само од финансиите и кратко прокоментира на социјалните мрежи: „Засрамувачки“.

Scroll to Top