Хрватскиот голман, Доминик Ливаковиќ вчера го комплетираше својот трансфер во Фенербахче (за 6.65 милиони евра), а денеска Динамо Загреб објави видео од неговиот емотивен проштален говор во соблекувалната на „модрите“.
Ливаковиќ помина седум години на „Максимир“, а по заминувањето на Аријан Адеми во Кина, стана и капитен на клубот.
„Како што сите знаете, утре летам. Многу ми е тешко да зборувам. Благодарам на прекрасните години. Динамо ми е сè, чувајте го. Голема желба ми е да дадете максимум и да победите бидејќи сте најдобри. Ви благодарам“, вели Ливаковиќ во солзи.
По ова, тој добива дрес со бројот 293, бројот на настапи за Динамо, од новиот капитен, Бруно Петковиќ.
View this post on Instagram