Top Sport

(Видео) Лајлс ги обедини спринтерските титули, Џексон со втора најбрза трка на 200 метри

Американецот Ноа Лајлс ги обедини спринтерските титули првпат по Јусеин Болт во 2015 година, освојувајќи го златото на 200 метри, додека Јамајчанката Шерика Џексон истрча втора најбрза трка на 200 метри во возбудлив петок на Светското првенство во атлетика во Будимпешта.

Лајлс истрча 19.52 секунди за да го победи сонародникот Еријон Најтон (19.75) и Летсиле Тебого од Боцвана (19.81), за своја трета светска титула на 200 метри, иако светскиот рекорд на Болт од 19.19 остана далечен. Во сабота, Лајлс ќе се обиде да стане првиот човек со три спринтерски титули на СП по Болт во 2015 како дел од 4х100 метри штафетата.

Џексон, пак, истрча 21.41 секунди на 200 метри, што е второ најбрзо време во историјата по неверојатните 21.34 на Флоренс Грифит-Џојнер истрчани во 1988 година. Американката Геби Томас беше сребрена со 21.81, додека освојувачката на злато на 100 метри, Шакери Ричардсон беше бронзена со 21.92.

Венецуелката Јулимар Рохас стигна до својата четврта светска титула во трискокот со 15.08 метри пред Украинката Марина Бех Романчук, додека Јапонката Харука Китагучи стана свеетска шампионка во фрлање копје.

Scroll to Top