Top Sport

(Видео) Халанд се „поправи“ по промашениот пенал, Астон вила со нова победа

Без Пеп Гвардиола на клупата, Манчестер сити се намачи за да дојде до 2:1 победа на гостувањето кај новиот премиерлигаш Шефилд јунајтед, додека Астон вила на Унаи Емери сврза две победи во низа со гостинска 3:1 победа кај Барнли.

Гвардиола уште се опоравува во Каталонија од операцијата на грбот, но не беше очекувано „граѓаните“ да имаат проблеми против Шефилд. Сепак, на теренот, тие не успеаја да стигнат до вистинска шанса до 37. минута кога беше досуден пенал за гостите. Меѓутоа, Ерлинг Халанд покажа дека, сепак, е само човек, погодувајќи ја пречката.

Халанд се поправи во 63. минута, кога по асистенција на Џек Грилиш, го постигна првиот гол на мечот. Меѓутоа, домаќините ја искористија лошата реакција на целата одбрана на Сити и во 85. минута, Џејден Богл израмни на 1:1. Човек за одлука беше Родри кој во 88. минута даде убав гол за триумф и прво место на табелата со максимални 9 поени по три кола.

Мети Кеш даде два гола во првите 20 минути игра за Астон вила да стигне до 3:1 победа кај Барнли на Винсен Компани, кои остануваат без поени по првите три кола.

ПРЕМИЕРЛИГА, 3.КОЛО
Шефилд јунајтед – Манчестер сити 1:2
Барнли – Астон вила 1:3

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top