По кошмарното прво полувреме, во кое поради грешка примија гол, а потоа добија и црвен картон, на Ливерпул им беше потребно влегувањето во игра на Дарвин Нуњез од клупата за да стигнт до спектакуларна 2:1 победа кај Њукасл.
Првото полувреме не можеше да биде полошо за „црвените“. Во 25. минута од мечот, Трент Александер-Арнолд им даде „подарок“ на домаќините, за Ентони Гордон да постигне убав гол за водство на тимот на Еди Хау, а само три минути подоцна, Виргил ван Дајк доби црвен картон за фаул во позиција за гол.
И покрај тоа што поголемиот дел од мечот беа со 10 играчи, Ливерпул се вратија во игра преку толку оспоруваниот Дарвин Нуњез во 81. минута од мечот, кога успеа со прецизен удар од далечина да постигне убав гол. Кога изгледаше дека ќе има поделба на поени, Нуњез по асистенција на Мохамед Салах во 93. минута од мечот донесе фантастични три поени.