Top Sport

(Видео) Барса го победи Вилјареал во драматично гол-шоу на „Керамика“

Барселона ја забележа својата втора победа во третото коло од шпанската Ла лига, откако во возбудлив меч полн со пресврти стигна до спектакуларна 4:3 победа над Вилјареал.

Почетокот на мечот беше фантастичен за тимот на Чави – Гави уште во 12. минута постигна гол по асистенција на 16-годишниот Ламин Јамал, за само три минути подоцна, Френки де Јонг да зголеми на 2:0.

Меѓутоа, „жолтата подморница“ потоа успеа да направи целосен пресврт. Хуан Фојт во 26. минута намали на 1:2, за Александер Сорлот во 40. минута да осигура на полувреме да се отиде со 2:2. Вилјареал потоа дојде во водство во 50. минута со голот на Алекс Баена, пред да дојде време на Каталонците да прават камбек – Феран Торес во 68. минута израмни на 3:3, за Роберт Левандовски да ги осигура трите поени само три минути подоцна.

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top