Во знак на протест, мајката на Луис Рубиалес, сега штрајкува со глад. Таа е исклучително огорчена од кампањата против нејзиниот син, кој е претседател на Шпанската фудбалска федерација.
Како што е познато, Рубиалес предизвика скандал со одлуката да ја бакне во усни репрезентативката на Шпанија Џенифер Хермосо за време на триумфот на женската селекција на Светското првенство. Следеше бура од незадоволство против него, а ФИФА веќе му ги суспендираше правата. Одделно, обвинителството работи на извештај дека предметниот бакнеж бил манифестација на сексуална агресија.
Внука на Луис Рубиалес за „Ел Чирингито“ коментирала дека неговата мајка се заклучила во црква и најавила штрајк со глад.
„Жената плаче цел ден и одбива да јаде и да спие. Не е фер Луис Рубиалес да трпи вакво малтретирање. Сакаме Џени (Џенифер Хермосо) да ја каже вистината бидејќи веќе трипати ја сменила својата верзија за тоа што се случило“, изјавил претставник на семејството.