Top Sport

Швјонтек со експресен триумф на стартот на УС Опен

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек одлично го стартуваше настапот на гренслем турнирот УС Опен. Таа загуби само еден гем во дуелот против Ребека Петерсон од Шведска и го комплетираше мечот за 57 минути.

Швјонтек ги доби првиот сет со 6:0, а во вториот загуби еден гем од шведската тенисерка.

Викторија Азаренка исто така лесно мина во втората рунда со триумфот против Фиона Феро (6:1, 6:2), а Белинда Бенчиќ ја совлада Камила Ракимова со 6:2, 6:4.

Во машка конкуренција, Доминик Тим со 3:0 во сетови (6:3, 6:2, 6:4) го совлада Александер Бублик.

Scroll to Top