Наполи ќе плати 35 милиони евра за данскиот репрезентативец од Ајнтрахт Франкфурт, Јеспер Линдстром, пренесува „Скај Спорт Германија“. Тој има 23 години и игра на позицијата офанзивен играч за врска. За него беа заинтересирани и Милан, Ливерпул и Арсенал.
Наполи ќе плати 5 милиони евра оваа сезона како позајмица, со задолжителе откуп на договорот за уште 30 милиони следното лето.
Германскиот клуб го доведе Линдстром од Брондби пред две години за 7 милиони евра.
Како негова замена се очекува Ајнтрахт да го привлече Фарес Шаиби од Тулуз за 10 милиони евра.