Top Sport

(Видео) Галата, Брага и Јанг бојс „визираа“ место во Лигата на шампиони

Турскиот Галатасарај, португалскиот Спортинг Брага и швајцарскиот Јанг Бојс успеаја да ја остварат главната цел со влезот во групната фаза во Лигата на шампиони по реваншот во бараж-мечевите.

Мауро Икарди уште во седмата минута постигна гол од пенал, за да им донесе предност на Галатасарај победа од 1:0 против норвешкиот Молде, што беше доволно за пласман по драматичната 3:2 победа на гости во Норвешка. Еирик Хестад во 66. минута ги направи последните половин час интересни, израмнувајќи на 1:1, но до крајот на мечот, во 93. минута Анжелино стрелаше за 2:1 и потврда на пласманот.

Во Атина, бучната публика не му помогна на Панатиникос против Спортинг Брага, кои успеаја да извлечат уште една победа со голот на Брума во 80. минуат за 0:1 триумф, и потврда на победата од од 2:1 од првиот меч.

Најубедливи беа Јанг бојс, кои со 3:0 ги совладаа Макаби Хаифа за сигурен пласман во Лигата на шампиони.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ
Галатасарај – Молде 2:1, прв меч 3:2, вкупно 5:3
Панатинаикос – Брага 0:1, прв меч 1:2, вкупно 1:3
Јанг Бојс – Макаби Хаифа 3:0, прв меч 0:0, вкупно 3:0

Scroll to Top