Иако засега нема најави дека ќе ги видиме во рингот, Тајсон Фјури не издржа и мораше да се потсмева со својот ривал во тешка категорија, Украинецот Олександер Усик за контроверзната одбрана на титулите против Даниел Дубоа и наводниот низок удар на мечот во Полска.
Усик ги одбрани ИБФ, ВБО и ВБА титулите во сабота, нокаутирајќи го Дубоа во деветтата рунда по целосната доминација, но мечот беше контроверзен поради случките во петтата рунда, кога Дубоа го прати Усик на подот со удар на појасот, а судијата одлучи дека се работи за низок удар. Ова предизвика огромна дебата на социјалните мрежи, посебно поради фактот што Усик ги имаше кренато шорцевите високо.
Clear knockdown actual robbery #UsykDubois pic.twitter.com/BacU2r3Yll
— KeslerSZN 🇫🇷 (@KeslerSZN) August 26, 2023
„Како можам да сум виновен што носам шорцеви? Нискиот удар не е поради шорцевите, туку поради нискиот удар. Следниот пат ќе боксувам без шорцеви“, се смееше Усик.
Фјури на контроверзите одговори со фотографија на која ги има високо кренато шорцевите со порака „мек стомак“. Британецот се подготвува за меч со поранешниот УФЦ шампион, Френсис Нгану, кој нема да биде за неговата ВБЦ титула.
🚨 KIT ALERT 🚨 👀 #SoftBelly #FURYNGANNOU #Riyadhseason @francis_ngannou / @usykaa pic.twitter.com/q9gHFn2tCm
— TYSON FURY (@Tyson_Fury) August 31, 2023