Top Sport

Мбапе ќе потпише нов договор со ПСЖ, но и клаузула за трансфер во Реал следното лето

Голгетерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, е подготвен да потпише нов договор со францускиот првак до 2026 година, во кој ќе има посебна клаузула за негово откупување следното лето.

24-годишниот фудбалер претходно имаше јасен став да го напушти „Паркот на принцовите“ како слободен играч следната година кога ќе му истече актуелниот договор.
Раководството на ПСЖ не беше задоволно од оваа одлука и го отстрани напаѓачот од првиот тим. Мбапе се предомисли и беше вратен во тимот, по што постигна три гола на двата натпревари на кои настапи од почетокот на сезоната.

Пресвртот не завршува тука, бидејќи напаѓачот треба да го продолжи договорот и да остане на „Паркот на принцовите“.

Сепак, во новиот договор ќе биде вклучена и ослободителна клаузула за следното лето, која сепак би можела да му овозможи на Мбапе да го заврши својот трансфер од соништата во Реал Мадрид.

 

Scroll to Top