Top Sport

Кутињо прави трансфер во Катар

Бразилскиот напаѓач и член на Астон Вила, Фелипе Кутињо, е блиску до заминување во катарскиот клуб Ал Духаил. Откако еден од најдобрите играчи во Премиерлигата веќе ги договорил личните услови со Катарците и останува само клубовите да ги одредат последните детали за обештетувањето.

Кутињо долго време е далеку од својата најдобра форма. Барселона во 2018 година на Ливерпул му плати 135 милиони евра за 31-годишниот играч.

Офанзивецот со 69 настапи за Бразил не успеа да се наметне во Барселона и никогаш не го оправда фактот дека е третиот најплатен играч во историјата, по трансферите на Нејмар и на Килијан Мбапе во ПСЖ. Тој беше испратен на позајмица, прво во Баерн, а потоа и во Астон Вила, која го купи лани за 20 милиони евра.

Scroll to Top