Шефилд јунајтед и Евертон одиграа 2:2 во првиот натпревар од саботната програма, во Премиер лигата. Овие тимови го освоија првиот бод во новатат сезона, а Евертон ги постигна првите голови во сезоната 2023/2024.
Евертон освои бод блгодарение на голманот Џордан Пикфорд, кој имаше неколку изворедни одбрани. Особено се истакна во последниот напад на Шефилд кога два пати го одбрани својот гол.
Дукуре го постигна првиот гол за Евертон во 14.минута. Шефилд израмни преку Арчер во 33.минута. Во третата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел, ударот на Арчер заврши во стативата, но за несреќа на Евертон топката се одби од грбот на Пикфорд и заврши во голот.
Конечните 2:2 ги постави Данжува во 55.минута.