Агентот на Квича Кварацхелија инсистира дека неговиот клиент никогаш не разговарал заминување од Наполи, откако италијанскиот шампион неодамна зачудувачки користеше невкусен јазик во демантирањето дека преговараат за нов договор со Грузиецот.
Наполи на шпекулациите дека Кварацхелија бара подобри услови во договорот со клубот, одговорија со „ср.ње“ во официјалното известување, велејќи дека неговиот договор кој трае до јуни 2027 нема потреба од промени. Агентот на Кварацхелија, Мамука Југели се обиде да ја „смири“ топката.
„Јас сум единствениот кој зборува за договорот на Кварацхелија, никој друг. Квара е во Наполи нешто повеќе од една година и има одличен однос со директорите на Наполи, така што нема ниту збор од проблеми. Тој се чувствува како дома во Неапол и официјално можам да потврдам дека никогаш не сме разговарале за друг клуб. Исто така не сакаме ниту нов договор, бидејќи сме задоволни од него и Квара сака да се фокусира само на фудбалот. Не е важно што мислат медиумите, ако претседателот сака нешто од нас, ние ќе се сретнеме, но сега сме среќни од тоа што го имаме“, вели Југели.