Македонскиот шампион Струга Трим Лум го засили својот тим во последниот ден од летниот преоден рок со напаѓач од Буркина Фасо. Станува збор за Басиру Компаоре, кој потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една сезона.
Компаоре е 25-годишен играч кој последните две години ги мина во шпанскиот фудбал, настапувајќи за екипи од третата и четвртата лига, а до неодамна го носеше дресот на Талавера.
Компаоре кариерата ја започна во својата татковина, во тимот на Сонабел, а потоа играл во Мароко и во Тунис.