Top Sport

Спалети: Елмас ми е како син, но ние утре сакаме да ја победиме Македонија

Италијанците имаат нов селектор, тоа е Лучијано Спалети, поранешниот тренер на Елмас, кој ја донесе шампионската титула во Неапол. Во тимот беше и Елиф Елмас, а сега ќе бидат на спротивни страни.

„Елмас ми е како син. Утре ќе го прегрнам, ќе има многу емоции. Сметав секогаш на него кога беше најтешко. Утре секако дека секој ќе сака да победи за себе“, изјави Спалети на прес – конференцијата во Скопје.

„Ќе се обидеме да бидеме тим, со тимски дух да го одиграме натпреварот против Македонија. Сакам да бидеме креативни, да играме квалитетен фудбал и да ги направиме сите Италијанци емотивни. Мора да се потрудиме максимално да ги санираме раните што ги има италијанскиот фудбал“, изјави Спалети.

Италија пристигна во Скопје, прошетаа фудбалерите по теренот на арената „Тодор Проески“, а Чиро Имобиле даде реален одговор.

„Теренот е полн со дупки и ќе биде тешко да се игра. Но, ние посакуваме победа и се надеваме дека ќе успееме да стигнеме до бодовите. Сепак, имаме максимален респект за Македонија, тие се силна селекција. Одлично го познавам Елмас, тој е многу квалитетен фудбалер, но не е и единствен таков во тимот на Македонија“, изјави Имобиле.

Scroll to Top