Фудбалската репрезентација, во првиот меч по финалето на Светското првенство во Русија, го доживеа најтешкиот пораз во својата историја. Хрватите, синоќа тешко страдаа во Елче од Шпанија (6:0).
Без Манџукиќ, Чорлука и Субашиќ кои ја завршија репрезентативната кариера и без повредените Ребиќ и Ловрен, Хрватите одигра добро 15 минути, а откако се повреди Врсаљко, едноставно ги снема од теренот.
„Ова не го очекувавме, ова е тежок пораз. А влеговме добро во натпреварот, првите 20 минути игравме добро, навистина добро. Сите заедно го вршевме пресингот, имавме две –три чисти шанси за гол. Кога го примивме првиот гол се распаднавме“, рекол по мечот капитенот на „коцкестите“, Лука Модриќ.
„Недозволиво е на ваков начин да го распродаваме тешко стекнатиот углед. Ако извлечеме поука ќе биде добро, а верувам дека ќе го направиме тоа. Најлесно е да се критикува и да се каже што нечи, но јас нема да го правам тоа. Мора да имаме поинаков пристап“, дополнил Модриќ.
Првиот нареден меч Хрватска ќе го одигра во октомври кога во Риека ќе ја пречека Англија.