Најбогатиот Британец и еден од кандидатите за преземање на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф имаше интересен коментар за „неуспехот“ на чело на еден од најголемите светски фудбалски клубови под водство на американското семејство Глејзер, во исто време додека сагата околу преземањето на клубот трае со месеци.
Ретклиф, заедно со катарскиот шеик Џасим Бин Хамад Ал-Тани е главен кандидат за преземањето на „ѓаволите“, и беше меѓу првите кои дадоа понуда во ноември 2022 година, но речиси една година подоцна, уште не е донесена одлука, а по шпекулациите дека Глејзери може да се повлечат од зделката, дојде до драстичен пад на акциите на клубот.
Јунајтед минатата сезона со титулата од Карабао купот ја прекинаа лошата серија од шест години без било каков трофеј, и Ретклиф беше брутален во оценката.
„Навистина не можете да замислите да земете бренд како Манчестер јунајтед и да не успеете, бидејќи тој неуспех е премногу јавен и болен за таква зделка. Мислам дека сега имам искуство кое го немав пред три години со водењето на тимовите на Лозана во Швајцарија и Ница во Франција“, вели Ретклиф во обраќање до акционерите на неговата компанија „ИНЕОС“.