Италијанската новинска агенција „АНСА“ тврди дека ѕвездата на Јувентус, Пол Погба имал позитивен тест по мечот со Удинезе оваа сезона.
Мечот на „Дачија арената“ на 20 август заврши со 3:0 победа на Јувентус, но Погба беше на клупата и не влезе во игра, по што имаше кратки настапи како замена во следните две кола против Болоња и Емполи. И покрај тоа што не беше во игра, Погба бил еден од фудбалерите случајно избрани за тест, кој покажал превисоко ниво на тестостерон.
Сега следува тестот на Б-примерокот пред тој официјално да падне на допинг-тест, за што вообичаено следува казна од барем 2 години суспензија, доколку нема разумно објаснување за позитивниот тест.
Со оваа вест се комплетира хорор-приказната за Погба по враќањето во Јувентус како слободен агент од Манчестер јунајтед минатото лето. Тој имаше серија повреди кои го ограничија неговото време на теренот и исто така беше вмешан во контроверзен случај со изнуда на пари од неговиот брат и пријателите од детството. Повредите го следеа и во новата сезона, откако минатата недела доби нова мускулна повреда при 2:0 победата над Емполи.
ULTIM'ORA JUVENTUS
Ansa: #Pogba trovato positivo al testosterone
Il controllo sarebbe stato effettuato dopo Udinese-Juventus#SkySport #Juventus #SerieA #SkySerieA— skysport (@SkySport) September 11, 2023