Ница стигна до неочекувана 3:2 победа на „Паркот на принцовите“, нанесувајќи му го на неубедливиот Пари Сен-Жермен на Луис Енрике првиот пораз во новата сезона и оставајќи го на само две победи по пет кола.
Играч на мечот несомнено беше Нигериецот Терем Мофи, кој го отвори резултатот во 21. минута од мечот. Само осум минути подоцна Килијан Мбапе ја врати рамнотежата во мечот израмнувајќи на 1:1, пред во 53. минута, Мофи да му асистира на Гаетано Лабор за ново водство на гостите. Мофи стави печат на натпреварот со уште еден прекрасен гол во 69. минута, совладувајќи го немоќниот Џиџио Донарума со удар од далечина.
Килијан Мбапе во 87. минута од мечот повторно стрелаше за ПСЖ по асистенција на Рандал Коло Муани, но до трет гол и барем израмнување домаќините не дојдоа.
Ница е сега на второто место на табелата во Франција со 9 поени, еден повеќе од ПСЖ на третото место.