Top Sport

Тухел не е задоволен од ремито со Баер: Во еден дел од мечот не контролиравме ништо

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, го коментираше ремито 2:2 на неговиот тим против екипата на Баер Леверкузен во четвртото коло на германската Бундеслига.

Тренерот сподели дека неговиот тим почнал добро, но во еден дел од мечот работите почнале да се менуваат.

„Имавме добри 20 минути на почетокот и можевме да го направиме тоа, но потоа ние имаа екстремно лоши 20 минути. Истото се случи и во вториот дел. Понекогаш ја контролиравме играта, ама понекогаш не контролиравме ништо. Тоа ќе мораме да го подобриме“, изјави Томас Тухел.

 

 

Scroll to Top