Top Sport

Њукасл го продолжи договорот со Калум Вилсон

Напаѓачот на Њукасл, Калум Вилсон, потпиша нов договор со клубот до 2025 година.

„Среќен сум што можам да го продолжам престојот овде. Ова е фантастичен клуб кој се движи во вистинската насока и јас сум многу задоволен што ќе ја посветам мојата иднина на овој проект. Мислам дека да се биде во овој град со овие навивачи е она за што сонуваат многу играчи, па со нетрпение ги очекувам следните неколку години да играм за клубот“, изјави фудбалерот за официјалниот сајт на Њукасл.

Вилсон им се приклучи на „чавките“ во сезоната 2020/2021. Во тој период, 31-годишниот напаѓач одигра 79 натпревари за Њукасл и постигна 40 гола.

Англичанецот моментално е на петтото место на клупската листа на најдобри стрелци во историјата на англиската Премиерлига.

 

Scroll to Top