Ѕвездата на Њукасл, Сандро Тонали признава дека враќањето на „Сан Сиро“ и аплаузите кои ги доби од навивачите на Милан се нешто на што ќе се сеќава вечно, признавајќи дека не можел да ја скрие својата страст за клубот.
Милан го продаде Тонали во текот на летото за 80 милиони евра, и по солидниот старт во Премиерлигата во првиот меч од ЛШ мораше да се врати во Милано, каде што беше топло пречекан од навивачите на „росонерите“.
„Ова од ‘Сан Сиро’ ќе го носам со мене долго време. Ќе се сеќавам засекогаш. Очекуваш да биде прекрасно, но кога ќе се случи е сосем поинаку. Се обидов да уживам во секој момент. Не можам да ја кријам страста за Милан. Не ја криев кога бев играч на Бреша, ниту сега кога сум во Њукасл“, вели Италијанецот.
Curva Sud chanting “Tonali Uni Di Noi”.
Sandro acknowledges the chant ❤️🖤 pic.twitter.com/14dlM8gsx4
— WGM ⁶👑 (@WhatGattusoMad) September 19, 2023
A round of applause from Milan fans at the moment of Tonali’s name announcement in Newcastle’s lineuppic.twitter.com/Y0oOwLwSKL
— Milan Eye (@MilanEye) September 19, 2023