Top Sport

Навивач на Њу Ингланд почина по тепачка на стадионот

Навивач на НФЛ франшизата, Њу Ингланд Петриотс, Дејл Муни (53), почина за време на натпреварот против ривалот од дивизијата Мајами Делфинс на стадионот Жилет. Долфинс победија со 24:17 и ја започнаа сезоната со две победи, додека патриотите имаат 0-2.

За време на натпреварот во Масачусетс се случи и трагедија, бидејќи Муни трагично го загуби животот по инцидент во кој учествуваше навивач на Делфините.

Еден од сведоците тврди дека 53. годишникот починал откако бил удрен со тупаница во главата. До физичката пресметка дошло откако двајцата навивачи во поголемиот дел од натпреварот биле во вербален конфликт.

„Муни во Сектор 311 се вмеша во расправија со навивач на Делфините. Останатите се обидоа да ги разделат, а делуваше дека се вмеша уште некој. Човек во дресот на Мајами го удри двапати во главата. Беше непријатно, но не изгледаше фатално, Муни потоа остана да лежи“, рече очевидецот Џои Килмартин.

Полицијата потврди дека води истрага за немилиот настан, а причината за смртта ќе биде позната по обдукцијата.

Scroll to Top