Top Sport

(Видео) Белингем пак херој за Реал со гол во 94. минута, Копенхаген не издржа во Истанбул

Џуд Белингем, очигледно е џокерот на Карло Анчелоти. Реал Мадрид одиграа неубедливи 90 минути против Унион Берлин на отварањето на новата сезона во Лигата на шампиони, пред англиското засилување од 100 милиони да се најде на вистинското место во 94. минута за 1:0 победа, додека данскиот Копенхаген не го зачува 0:2 водството и одигра 2:2 на гости кај Галатасарај во тешката група А, каде што уште се и Баерн Минхен и Манчестер јунајтед.

На „Бернабеу“, бундеслигашот се покажа како цврст тим, со новото засилување Леонардо Бонучи во одбраната, а „кралевите“ имаа среќа што останаа со 10 играчи на теренот по бруталниот старт на Орелиен Чуамени во 37. минута од мечот. Реал доминираше пред голот на гостите, но до вистинска шанса се стигнуваше тешко. Тогаш во 94. минута по еден корнер, одбиената топка дојде до Белингем, кој заби за 1:0 победа и победнички старт.

Копенхаген, пак, имаше фантастичен старт во Истанбул – Мохамед Елјунуси ги донесе во водство во 35. минута, за во 58. минута Диого Гонсалвеш да го удвои водството. Меѓутоа, откако Елијас Јелерт доби втор жолт картон во 73. минута, домаќините го искористија тоа.  Тете прво му асистираше на Саша Беј во 86. минута, за две минути подоцна да постигне гол за израмнување.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО
ГРУПА А
Галатасарај – Копенхаген 2:2
Баерн Минхен – Манчестер јунајтед 21.00 ч.
ГРУПА Ц
Реал Мадрид – Унион Берлин 0:0
Спортинг Брага – Наполи 21.00 ч.

Scroll to Top