Top Sport

Саво Милошевиќ ќе биде новиот селектор на Босна и Херцеговина

Саво Милошевиќ (50), легендарниот српски стрелец до крајот на неделата ќе биде назначен за селектор на Босна и Херцеговина, пишуваат тамошните медиуми. Додаваат дека Милошевиќ се договорил на состанокот со претседателот на Фудбалскиот сојузот Вицо Жељковиќ и директорот на репрезентацијата Звјездан Мисимовиќ.

Милошевиќ се прослави како напаѓач на Партизан и Србија, но е роден во Босна, поточно во Бјелина и таму живеел до својата 16. година и кога се преселил во Партизан.

Тој ќе биде трет селектор на БиХ од почетокот на годинава. Фарук Хаџибегиќ ја водеше репрезентацијата од јануари до јуни, а Мехо Кодро само 45 дена и на само два натпревари.

Бидејќи репрезентацијата немаше селектор, спискот за евроквалификациите, на 13 октомври во Лихтенштајн и три дена подоцна против Португалија во Зеница, го состави Фудбалскиот сојуз. .

Сепак, додаваат медиумите од БиХ, во креирањето на тој список учествувал и Милошевиќ, кој ќе ја води репрезентацијата на тие натпревари.

Ова ќе биде само трет тренерски ангажман за прославениот фудбалер, по двегодишна пауза. Од март 2019 година, 18 месеци се задржа на клупата на Партизан, а потоа, само четири месеци, до октомври 2021 година, неуспешно ја тренираше љубљанска Олимпија.

Scroll to Top