Во ПСЖ не се рамнодушни на медиумските шпекулации кои редовно ги поврзуваат најголемите ѕвзеди на клубот, Нејмар и Килијан Мбапе, со Реал Мадрид.
Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Калифи,признал дека стравува од потенцијалните трансфери, истакнувајќи дека нема да ги толерира можните преговори „под маса“, на Реал со двајцата најдобри во ПСЖ.
„Ситуацијата не е поволна и на таа тема разговаравме со Реал. Ниту еден тим не треба да разговара со нашите играчи, тоа создава слика дека работата се завршува зад кулисите и не вознемирува“, рекол Ал-Калифи за шпанскиот весник „Марка“.
Катарскиот бизнисмен истакнал дека имал голема почит кон Реал и неговиот претседател Флорентино Перез и верува дека почитта е взаемна.
„Такво разбирање сакаме од сите клубови, не само од реал. важно е да постои дијалог и да не се користи некои други методи“.
Според шпанските медиуми Реал за јануарскиот преоден рок бил подготвен за трансфери да потроши 370 милиони евра. На врвот на листата на желби биле Нејмар и Мбапе.