Фудбалерот на Барселона Роберт Левандовски на крајот од сезоната би можел да ја продолжи кариерата во Професионалната лига на Саудиска Арабија, пишува „Дејли Мејл“.
Британските медиуми потсетуваат дека Левандовски во летниот преоден рок имаше одлична финансиска понуда од Абха, но реши да остане во каталонскиот клуб.
Многу клубови од Саудиска Арабија покажаа интерес за еден од најдобрите напаѓачи во светот, а полскиот фудбалер реши да ги интензивира преговорите во наредните месеци иако има договор со Барселона до јуни 2026 година.
Левандовски (35) во Барселона пристигна во 2022 година од Баерн, а за каталонскиот клуб одигра 55 натпревари и постигна 39 голови.
Foto/ EPA