Тајсон Фјури и Олександер Усик ќе се борат за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија. Борбата би требало да се одржи на 23 декември или во јануари следната година во Саудиска Арабија.
Фјури, кој е шампион во верзијата ВБЦ, долго време одбиваше борба со Усик, изјавувајќи дека борбата не му е интересна бидејќи не може да заработи од неа, но се покажа дека овој меч ќе му донесе вистински богатство.
Промоторот Боб Арум наведува дека британскиот боксер од мечот со Украинецот ќе инкасира околу 200 милиони долари.
Последен пат тешката категорија во боксот апсолутен шампион имаше во 1999 година.