Нехуманите услови, во неделата, ја одбележаа трката за Големата награда на Катар. За возачите оваа трка сигурно е најтешка во нивните кариери. Победи Макс Ферстапен, кој ден претходно ја одбрани шампионската титула. и во текот на викендот ја прослави титулата.
Трката во Катар се возеше во ноќните часови, но и покрај тоа пеколните горештини им направија големи проблеми на на возачите бидејќи температурата на воздухот не се спушти под 30 Целзиусови степени.
⚠️ Wow, Lance Stroll walked straight away to ambulance in the pit lane, probably disoriented. Watch the video 🎥
Alex Albon was taken to the medical centre of #QatarGP because of exhaustion and heat exposure.
Lando Norris said several drivers have passed out there.
Ocon said… pic.twitter.com/XMIe6Y7nrD
— F1newsletter.com (@F1_Newsletter) October 8, 2023
Ландо Норис (Мекларен) по трката изјави дека шест или седум возачи побарале лекарска помош бидејќи биле дехидрирани. Дебитантот Логан Сарџент (Вилијамс) се повлече од трката бидејќи за малку ќе се онесвестил во болидот. Естебан Окон (Алпин) откри по трката дека два пати повратил во кацигата.
Сите возачи го критикуваа терминот во кој се одржа трката. ФИА најави ќе направи анализа, се очекува наредната година Големата награда на Картар да се вози во ноември, кога температурите се пониски.
Макс Ферстапен и Оскар Пјастри по трката лежеа на подот и се обидуваа да се оладат, а Шарл Леклер порача дека вакво нешто не смее да се повтори во Формула 1.
„Мислам дека ова беше најтешката трка во нашите кариери. Има многу кривини на патеката низ кои поминуваме со големи брзини, а моравме да направиме три пит-стопа за да се промениме гуми. Ако се најдеме во слична ситуација, ќе мораме да разговараме за тоа меѓу возачите. Не се работи за нашата физичка подготовка, ние дехидриравме. Температурата е висока и видот почнува да ви се замаглува, срцевиот ритам оди нагоре и сето тоа е многу тешко да се контролира. Плус не ни помогнаа течностите кои беа загреани на 60 степени“, откри Леклер.
Alex Albon struggling post-race while getting out of the car!!
Ocon puking in the helmet, Lance struggling to Exit, George almost fainting, Logan Sargeant retiring.
Qatar GP is really hard on the Drivers and it has a contract for 10 years#F1 #QatarGP pic.twitter.com/Vf6NLltBp4— Desi Racing Co. (@DesiRacingco) October 8, 2023
„Тажно е тоа што ни се случи. Не е добро, многу возачи веднаш беа однесени од нивните автомобили во болница. Се онесвестија! Можеби не изгледаше тешко на телевизија, но верувајте дека беше. Преопасно е и се можеше да има се случи“, изјави Ландо Норис кој ја заврши трката на третата позиција.