Top Sport

Кирјиос ќе остане без пласман на АТП листата

Австралиецот Ник Кирјиос за прв пат во кариерата ќе исчезне од АТП листата.

Тенисерот од Канбера, кој долго време не играше поради низа повреди, следната недела ќе остане без бодовите што ги освои минатата година на турнирот во Токио.

Ник во моментов е на 470. место оваа недела со 90 поени.

Кога ќе се избришат тие бодови следниот понеделник, тој и официјално ќе остане без пласман на светската листа.

Причина за ова е што сезонава одигра само еден меч.

Тој го повреди коленото пред Австралија опен, а единствениот меч му беше на турнирот во Штутгарт, каде загуби во првото коло, за што не доби ниту еден бод.

Потоа се пожали на повреда на зглобот, што беше официјална причина да го откаже учеството на Вимблдон.

Се уште е неизвесно кога ќе се појави на теренот, иако се шпекулира дека тоа најверојатно ќе биде на почетокот на следната сезона во Австралија.

Scroll to Top