Русија ќе направи кам-бек на интернационалната спортска сцена, откако Светската анти-допинг агенција (ВАДА) препорача Руската допинг-агенција (РУСАДА) да биде вратена во „семејството“, со импликации за сите суспензии на Русија, вклучувајќи ја олимписката и таа од светот на атлетиката.
РУСАДА беше суспендирана од ВАДА во ноември 2015 по „извештајот Мекларен“ во кој се тврдеше дека агенцијата помогнала во допингување и прикривање на допингот на 1.000 спортисти од Русија. Ова е првична одлука, која треба да биде потврдена на извршниот комитет на организацијата на 20 септември.
„Писмото од Руското министерство за спорт ги призна проблемите во Русија, исполнувајќи го првиот од двата критериуми за враќање“, се вели во соопштението на ВАДА.
Вториот критериум е соработка на лабораторијата во Москва преку надгледување од интернационални експерти.
Во четвртокот, британската анти-допинг агенција (УКАД) и дел од британските олимпијци пратија писмо со кое побараа ВАДА да не ја враќа Русија бидејќи ќе се работи за „катастрофа за чистиот спорт“.