Голманот на Милан, Мајк Мањан, ќе биде суспендиран на само еден натпревар во Серија А поради црвениот картон на изминатата средба со Џенова, која „росонерите“ ја добија со 1:0.
Францускиот голман ќе го пропушти само дербито со Јувентус на 22 октомври, но ќе биде достапен за уште еден клучен натпревар – против шампионот Наполи една недела подоцна.
Мањан беше исклучен поради крајно груб старт над Калеб Екубан, за што се очекуваше да добие посериозна санкција.