Top Sport

Арсенал го сака Виктор Осимен, подготвен е да го понуди Габриел Жесус

Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да го доведе Виктор Осимен во јануари на „Емирати“. Наполи нема да се раздели со напаѓачот без понуда од 120 милиони евра, па Микел Артета е подготвен да се раздели со еден од своите најдобри фудбалери.

Арсенал е подготвен да му го даде Габриел Жесус на Наполи во замена за Осимен, и дополнително да плати околу 50 милиони евра.

Габриел Жесус е две години повозрасен и неговата пазарна вредност е околу 75 милиони евра.

Ова секако може да биде атрактивна понуда за Наполи и претседателот Аурелио де Лаурентис, кој е свесен дека порано или подоцна ќе остане без својот најдобар играч, кој и онака е сѐ помалку среќен во Неапол.

Scroll to Top