Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, ги критикуваше плановите на Ла Лига, од оваа сезона еден првенствен натпревар да се игра во САД.
Со цел да привлечат повеќе спонзори, што само по себе ќе донесе и повеќе пари, челните луѓе на лигата веќе договорија да се игра преку Атлантикот, а први што ќе го направата тоа се каталонските екипи Џирона и Барселона.
Оваа одлука на предизвика разочарување кај најголемиот дел на екипи. По повод одлуката на Џирона и Барселона да играат во САД се огласи и тренерот на Реал, Хулен Лоптеги.
„Говорев веќе на оваа тема, не ми се допаѓа оваа идеа на Ла Лига. Мислам дека клубовите треба да играат на своите стадиони, а не некаде во Америка. Тажное е ова што го прават каталонските тимови Барселона и Џирона и што воопшто ја прифатија идеата на Ла Лига“, рекол Лоптеги.