Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) наскоро ќе потпише нов договор со Лацио. Како што објавија италијанските медиуми, во договорот на српскиот репрезентативец, нема да има клаузула за откуп.
СМС ќе добие и поголема плата, некаде околу три милиони евра по сезона, а договорот ќе важи до јуни 2023 година.
„Кориере дело спорт“ пишува дека во договорот нема клаузула за откуп, бидејќи претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, сакал да има целосна контрола во идните преговори со заинтересираните екипи.
Летотво за СМС интерес покажуваа Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ, меѓутоа ниту еден од овие клубови не сакаше да плати 100 милиони евра за трансферот на српскиот фудбалер.