Top Sport

Ливерпул победи кај Тотенхем (Видео)

Ливерпул го доби дербито кај Тотенхем (2:1), во рамките на петтото коло во Премиер лигата и го продолжи перфектниот старт во сезоната.

Екипата на Јирген Клоп и на „Вембли“ ги потврди шампионските амбиции во Премиер лигата. Во текот на целиот меч Ливерпул беше конкретен, а од неколкуте шанси, неговите играчи реализираа две.

Првиот гол на мечот го постигна Вајналдум во 39.минута. Милнер изведе корнер, играчите на Tотенхем не успеаја да ја исфрлат топката, а Холанѓанецот ја зафати со глава и го совлада Ворм.

На самиот почеток Тотенхем пропушти можност да го израмни резултатот. Ударот на Лукас Моура заврши во дирекот, а веднаш потоа „црвените“ ја зголеми предноста.

Конфузната реакција на одбраната на Тотенхем најдобро ја искористи Фирмино во 54.минута.

До крајот на натпреварот домашниот тим само успеа да го намаlи поразот, преку Ламела во 93.минута.

Ливерпул има пет победи во Премиер лигата и максимални 15 бода, додека Тотенхем го доживеа вториот пораз.

Scroll to Top