Славниот американски боксер Флојд Мејведер јуниор, објави дека до крајот на година ќе биде одржан нов боксерски спектакл, во кој негов противник ќе биде легендарниот Мани Пакјао.
Мејведер (41), кој има беспрекорен учинок во профи борбите од 50 победи, на 2.мај 2015 го победи Пакјао. борбата тогаш беше наречена „бора на векот“.
Американецот пред повеќе од три години го победи Пакјао со едногласна одлука на судиите. по тој меч Мејведер имаше уште две борби, против Андрео Берт и ММА борецот Конор Мекгрегор.
Од друга страна, по тој меч со Мејведер, Пакјао забележа три победи и еден пораз.