Велосипедистот на „Мичелтон Скот“, Сајмон Јејтс ја обезбеди вкупната победа на трката околу Шпанија, наречена Вуелта. Јејтс до најголемиот успех во кариерата дојфр благодарение на освоеното трето место на претпоследната етапа, која во должина од 97 километри се возеше од Ескалдес-Енџордани до Кол де Галина.
Претпоследната, 20.етапа на Вулета, му припадна на велосипедистот од тимот „Квик степ“, Енрик Мас. Во неизвесниот финиш тој го победи Мигел Анхел Лопез. Јејтс на третата позиција имаше за 23 секунди послаб резултат од победникот Мас.
Во пресрет на последната етапа, Британецот во генералниот пласман има предност од една минута и 46 секунди во однос на Мас.
Јејтс со победата на Вуелта се погрижи Британците да имаат максимален ефект оваа година на најголемите трки во светот на велосипедизмот, откако Крис Фрум победи на Џиро д’Италија, а Герејт Томас ја освои Тур д’Франс.