Top Sport

Новак за Рафа: Не сме пријатели, но се почитуваме

Новак Ѓоковиќ деновиве е многу активен во Париз.

Новак пред почетокот на Мастерсот во „Акор Арена“, се појави на неколку места, го гледаше финалето на СП во рагби, а синоќа беше на гала церемонијата на „Златната топка“.

Тој беше гостин и на француската телевизија во една емисија, каде зборуваше за односот со Рафаел Надал.

„Сум играл против него многу пати во кариерата, тоа беа прекрасни, историски натпревари. Тој е посебен играч за мене и за мојата кариера, за мојот развој како тенисер“, изјави Новак.

И покрај сето тоа, Новак призна дека тој и Надал не се блиски пријатели.

„Не сме пријатели, но многу се почитуваме. Се надевам дека по завршувањето на кариерата ќе може да се напиеме неколку пијалоци на плажа и да разговараме за животот со помалку стрес“, рече Новак, нагласувајќи го вториот дел од изјавата, со што одговори на неодамнешната изјава на Надал дека „Ѓоковиќ би бил фрустриран ако не успее да го претекне по бројот на освоени грен слемови“.

На Мастерсот во Париз Ѓоковиќ стартува прв во двојки.

Тој и Миомир Кецмановиќ ќе играат против Јаник Синер и Стен Вавринка.

Во сингл ќе излезе на терен во среда, а таму ќе игра против Томас Мартин Ечевери.

Scroll to Top