Вчера Мастерсот во Париз, заврши за вториот носител Карлос Алкараз, а денеска, исто така во првиот меч на турнирот, меѓу гледачите заврши и третиот фаворит Данил Медведев.
Григор Димитров го елимнираше Медведев, во спектакуларен меч со 2:1 (6:3, 6:7 (4-7), 7:6 (7-2).
Медведев ги доби нивните претходни два меча сезонава, но секогаш гледавме добри бодови, па така беше и овојпат.
Димитров одлично се снајде во првиот сет и уште еднаш покажа дека сигурно можеше повеќе во кариерата, а во вториот следеше одговорот на Медведев.
Русинот можеше многу полесно да го добие тој сет – испушти брејк предност, па две последователни сет топки при 5:4, и уште три во низа на 6:5. Сепак, тој ја задржа концентрацијата во тај брејкот и го освои решавачкиот сет.
Искусниот, 32-годишен Бугарин не дозволи да се обесхрабри, во шестиот гем стигна до точката на брејк и веднаш реализираше (4:2).
Фрустрираниот Медведев недолго потоа го скрши рекетот, се расправаше со публиката, но концентрацијата ја задржа на највисоко можно ниво. При водство на Бугаринот од 5:3 спаси четири меч топки, од кои две во низа, а Медведев освои поен во кој беа разменети 47 удари.
Драмата продолжи, а при водство од 6:5 Димитров имаше уште две меч топки, на првата имаше иницијатива и промаши форхенд, а на втората Медведев сервираше прецизно и моќно.
Бугаринот не се обесхрабри, храбро, прецизно и агресивно го започна тај брејкот, поведе со 5:0 и по речсии три часа игра славеше победа.
Александар Бублик го чека Димитров во осминафиналето.
Medvedev vs the Paris crowd again 😭 pic.twitter.com/GG2a8Gsfmw
— zah pasta (@zahirahmdzaman) November 1, 2023