Top Sport

Чави: Најлошиот натпревар во последните две години

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, беше многу незадоволен од настапот на неговиот тим во поразот од Шахтјор во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Во Хамбург, каде Шахтјор игра како домаќин, украинскиот тим славеше со голот на Сикан во 40. минута.

Барса и Порто го делат првото место на табелата со девет бодови, Шахтјор има шест, а Антверпен нула.

„Точно е дека сме во тешка ситуација кога е во прашање нашата игра, како ја губиме топката и како напаѓаме. Тежок момент во сезоната, но се случува. Треба да останеме позитивни, но ова е еден од најлошите натпревари во последните две години“, изјави Чави и додаде:

„Две години по ред не се пласиравме во нокаут фазата и сега пропуштивме одлична можност да го сториме тоа. Ова ни се случи во најлош можен момент. Се разбира, сè уште зависи од нас. Ова е Лигата на шампионите, секој натпревар е напорен, не требаше да киксирамен, но токму тоа го направивме“.

Каталонците имаат натпревари во Примера со Алавес дома и Рајо Ваљекано на гости, а на 28 ноември го пречекуваат Порто во петтото коло од групата Х.

Scroll to Top