Top Sport

(Видео) Јанис од херој до трагичар на Милвоки, Атланта во Мексико сити го победи Орландо

Јанис Адетокумбо постигна 54 поени против Индијана Пајсерс, но неговите грешки го однесоа тимот на Милвоки Бакс во пораз на гостувањето во Индијанаполис. Во вториот натпревар, одигран во Мексико сити Атланта го победи Орландо.

Јанис Адетокумбо одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата, барем така беше до последните 60 секунди, а потоа серијата грешки ги чинеа Милвоки Бакс пораз на гостувањето кај Индијана Пејсерс 126:124.

„Грик Фрик“ постигна 54 поени, еден помалку од рекордот во кариерата што го постави во јануари против Вашингтон Визардс. Погоди фантастични 19/25 од поле, и импресивни 16/18 од вечно проблематичните слободни фрлања, заедно со 12 скока и три асистенции. Но, имаше и осум загубени топки, од кои две во последните 60 секунди.

Но Јанис последните поени ги запиша на пет минути до крајот на натпреварот, за водство на Милвоки 117:108.

Во последните два напади на Милвоки, тој промаши шут и доби блок од Бенедикт Матурин, што им овозможи на Пејсерси брзо да се доближат на само два поени.

Бакс имаа повеќе од доволно време да одговорат, но Јанис во обид да додаде ја фрли топката во аут, а потоа доби „банана“ од Матурин.

Големото засилување на Милвоки во претсезоната Демијан Лилард го пропушти натпреварот поради повреда, а Јанис го следеше Крис Мидлтон, постигнувајќи 19 поени за само 20 минути.

Пејсерси ги предводеа Халибартон со 29 поени и 10 асистенции и Матурин со 26 поени и 11 скока. Со оваа победа Пејсерси го подобрија својот рекорд на 6-3 и ги надминаа Бакс кои имаат 5-3.

Атланта Хокс имаат ист сооднос како Милвоки откако извлекоа победа во Мексико сити над Орландо 120:119. Дижунте Мареј ја постигна победничката тројка на 31 секунда пред крајот, Паоло Банкеро не успеа да одговори, па иако Маркел Фулц доби нов напад за магичните, Трае Јанг ја украде топката и веројатно за прв пат во кариерата го реши натпреварот со дефанзивен потег.

Јанг заврши со 41 поен и осум асистенции, Џејлен Џонсон постигна 19, херојот Мареј 16, а Богдан Богдановиќ застана на 15 поени, додека најдобар стрелец кај Орландо беше Џејлен Сугс со 21 поен и дури шест украдени топки.

Scroll to Top