Top Sport

На полувреме заминал од натпрeварот и решил да се пензионира

Квотербекот на Бафало, 30-годишниот Вонтеј Дејвис, иако неговиот тим беше поразен од Лос Анџелес Чарџерс, сепак беше во центарот на вниманието, поради она што го направи.

Искусниот играч на екипата што се натпреварува во НФЛ лигата, на полувремето од натпреварот решил да замине од соблекувалната и да ја заврши кариерата.

Дејвис потоа на социјалните мрежи објаснил зошто се решил на толку неочекуван и помалку радикален чекор.

„Не замислував дека на овој начин ќе се простам од НФЛ лигата. Во својата 10.сезона го правев она за што е моето тело програмирано, бев подготвен да играм на денот на натпреварот. Во текот на кариерата сум играч и повреден, а повеќе пати сум бил опериран. Денес во текот на натпреварот се соочив со реалноста. Не можев повеќе да бидам таму. Не сакав да покажам непочитување кон соиграчите и тренерите. Сакав да играм на високо ниво. Психички, очекувам секогаш да бидам на највисоко ниво. Но физички, знаев дека не го можам тоа. Имав момент на искреност кон себе. На теренот не се чувствував добро. Тоа им го кажав и на тренерите“, соопштил Дејвис.

Вонтеј Дејвис во кариерата покрај во Бафало играл и за Мајами Долфинс и Индијанаполис Колтс.

Scroll to Top