Top Sport

Бруно го напушта Јунајтед за 100 милиони евра?

Бруно Фернандеш, играчот за врска на Манчестер јунајтед е мета на клубови од Саудиска Арабија.

Португалецот во последните сезони е еден од клучните играчи на тимот од „Олд Трафорд“ и Ерик тен Хаг сигурно не сака лесно да се откаже од неговите услуги.

Анличаните тврдат дека Фернандеш сериозно ја разгледува опцијата за трансфер, бидејќи веќе не можел да ги трпи критиките. Наводно на менаџерите им дозволил да ги отпочнат преговорите. Се шпекулира дека тој во јануари би можел да си замине.

Од друга страна, медиумите во Шпанија се сигурни дека Португалецот ќе остане во Јунајтед до крајот на сезоната, а потоа ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Медиумите тврдат дека неговиот трансфер ќе изнесува околу 100 милиони евра. Заинтересирани за Фернандеш се Ал Хилал, Ал Ахли, Ал Наср и Ал Итихад.

Scroll to Top