Foto/ Reuters
Пред натпреварот помеѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев, во првиот меч од Црвената група, на Завршниот АТП мастерс во Торино, Новак Ѓоковиќ го доби трофејот за најдобар играч оваа сезона.
Трофејот на Ѓоковиќ му го врачи првиот човек на АТП, Италијанецот Андреа Гауденци.
Ѓоковиќ осми пат во кариерата годината ќе ја заврши на првото место на АТП листата. Во оваа категорија тој е апослутен рекордер, втор на листата е неговиот идол, Пит Сампрас, кој во кариерата шест пати годината ја заврши на првото место.
Тенисерот од Србија беше пречекан и испратен со овации од италијанската публика.
„Ова е круна на сезоната. Да се заврши годината како број еден е сон на секој тенисер. Една од најтешките работи што може да се направи во нашиот спорт. Благословен сум што стојам ука пред вас. Сакам да им се заблагодарам на сите, Горан, Марко, Миљан, Карлос, сите што беа со мене. Тоа е тимски труд. Стојам овде сам, но едвај чекам да го прославам ова со нив. Ова е големо достигнување и јас сум многу горд на тоа“, рече Ѓокоиќ.