Top Sport

(Видео) ММА во НБА: Грин во гилотина го стави Гобер

Жесток инцидент се случи на натпреварот Голден стејт Вориорс-Минесота Тимбервулвс, главни актери беа Дрејмонд Грин и Руди Гобер.

Циркусот се случи на исткекот на втората минута. Во клинч влегоа најпрвин Клеј Томпсон и Џејлен Мекданиелс. Додека тие двајца се влечеа, Гобер веројатно се обиде да ги раздели, а потоа се вмеша и Грин.

Играчот на Голден стејт го фати за врат во лост, т.н. гилотина, од која Гобер успеа да го извлече Карл-Ентони Таунс со помош на тренерот.

На крајот исклучени беа Томпсон, Мекданиелс и Грин, а Гобер остана на теренот и му помогна на тимот да победи (104:101).

Гобер по натпреварот рече дека Грин сеоднесувал како кловн.

Scroll to Top