Двете најсилни јужноамерикански фудбалски репрезентации, Аргентина и Бразил, во иста вечер беа поразени во квалификациите за пласман на Светското првенсто.
Аргентина, сензационално загуби на домашен терен од Уругвај со 2:0. „Гаучосите“ последен пат квалификациски натпревар на домашен терен загубиле пред седум години. Бразил, падна на гости во Колумбија (2:1).
Она што се случи изминатата ноќ, се случи само еднаш во историјата.
На 9 октомври 2015 година, Аргентина шокантно загуби дома од Еквадор, додека Бразил загуби бодови на гостувањето кај Чиле. Двата натпревари завршија со резултат 2:0.