Top Sport

Атанасов со два гола ја врати Македонија во живот

Foto/ EPA
Македонија се врати во мечот со Италија на „Олимпико“ во Рим. По лошото прво полувреме, во кое свое шоу имаше Федерико Киеза, Македонија игра многу подбро во вториот дел.

Италија по водството од 3:0, реши да го намали темпото во второто полувреме. Дармијан во 17., односно Киеза со два гола во финишот на првиот дел и донесоа убава предност на Италија.

Во вториот дел во 51.минута, Јани Атанасов го постигна деби голот во дресот на националниот тим, а во 73.минута истиот играч, со помош на Ачерби го намали резултатот на 3:2.

Атанасов на полувремето го замени Аријан Адеми.

Scroll to Top